• 25/09/2020

Милевски: Инклузивни паметни училници за подобри софтверски вештини во Куманово

 Милевски: Инклузивни паметни училници за подобри софтверски вештини во Куманово
loading...
Advertisement

Инклузивни паметни училници таканаречени У-смарт и лифткар за пристап на лица со инвалидитет по степеници доби основното училиште во Куманово „Крсте Мисирков“ во рамки на проектот што изнесува 2.097.820, средства обезбедени од Министерството на локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, СДЦ.

Проектот е финансиран од страна на Швајцарска амбасада и Министерство за локална самоуправа, а е имплементиран од страна на Центарот за развој на Североисточниот плански регион во соработка со основното училиште „Крсте Мисирков“. 

„Фокусот на проектот Инклузивни паметни училници е подобрување на образованието и социјалната инклузија, или поточно создавање вештини и еднакви можности за користење на иновативни софтверски алатки и информатичко компјутерска технологија во основното образование преку виртуелна технологија“ изјави Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Техада. 

Примарна цел на проектот е создавање на вештини кај учениците за креативно размислување преку користење на паметни екрани со едукативни апликации збогатени со 3Д реалност.

Истовремено, преку овој проект целосно се интегрираат над 40 ученици со посебни образовни потреби во редовната настава и им се обезбедува  еднаква можност за пристап до секоја инклузивна паметна училница.

„Регионалниот економски развој е предуслов за зајкнување на социјалниот и економскиот развој на регионите во државава. Во рамките на овој грант, фокусот е ставен на иновативната димензија на проектите. Проектните идеи беа идентификувани на партиципативен начин со активно учество на претставниците од  невладиниот, образовниот и бизнис секторот. Под иновативноста се подразбираше можност за: добивање комплетно нов производ, услуга, организациско решение, процес, надградување на постоечкиот производ, услуга, ефикасност или ефективност на трошоците или нов начин на искористување на постојниот производ, алатка, услуга. Ние и понатаму ќе се грижиме за граѓаните согласно политиките на министерството на локална самоуправа“ истакна министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Според него вкупниот фонд за Шемата за поддршка на иновативни проекти за 2019 година изнесува 311.841 швајцарски франци. Секој од осумте плански региони имаше можност да аплицира со проект во вкупна вредност од 38.980 франци.

„Преку инклузивните паметни училници ќе се интегрираат учениците со посебните образовни потреби во редовната настава и ќе имаат еднаква можност да пристапат до секоја паметна инклузивна училница“ вели директорот Александар Јовановиќ.

Набавка на новата технологија би била вклучена во наставниот процес, во основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ кои делат заеднички простории.

„Со овој Проект, поставени се паметни екрани во 46 училници каде посетуваат настава над 2000 ученици. Се надевам дека преку овој Проект ќе бидеме достоен пример на сите образовно воспитни установи за тоа како треба во иднина да ја реализираат наставата“ изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитријевски.

Во 2019та година, Швајцарска амбасада и Министерство за локална самоуправа финансираа 16 проекти со вкупен буџет од 1.154.000 швајцарски франци со цел поттикнување на одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој.