• 30/09/2020

Милица од БиХ ѕверски убиена од момчето – мештаните не паметат вакво злосторство

 Милица од БиХ ѕверски убиена од момчето – мештаните не паметат вакво злосторство
loading...
Advertisement

Мештаните на Србац и околината и понатаму се во шок, после трагичниот настан кој се случи во вторникот вечерта.

Повеќе верзии кружат за мотивот за убиството на 20-годишната Милица Бајиќ од селото Трошељ кај Градишка.

Како што неофицијално се дознава, Милица и нејзиното момче Ѓурица биле во врска повеќе од еден месец. На девојката во последно време ѝ пречело однесувањето на момчето, кое како што пишува Курир.рс било многу љубоморно.

Наводно, Милица во два наврати се обидеа да го остави Тадиќ, но тоа не го направила.

Ѝ велел дека ќе се промени и дека ќе биде добра личност, во што таа, слепо поверувала. Со оглед на тоа дека ветувањето не го исполнил, девојката одлучила да стави точка на нивната краткотрајна врска.

Тоа го погодило Ѓурица кој се одлучил на крвава одмазда. Ѕверски ја убил својата девојка, односно ја избодел со нож, после што се обесил.

Погребот на Милица ќе биде денеска, додека телото на убиецот ќе биде погребано утре.