
Министерот Спасовски позитивен на ковид-19
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест за Ковид-19.
„Би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид-19“, напиша Спасовски на „Фејсбук“.