Миовски кариерата ќе ја продолжи во Абердин

Миовски кариерата ќе ја продолжи во Абердин

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кариерата ќе ја продолжи во Шкотска откако денеска и официјално се пресели во редовите на Абердин.

Дваесет и две годишниот напаѓач со шкотскиот Премиер лигаш потпиша четири години, а до оваа сезона беше дел од унгарскиот МТК за кој во претходниот шампионат постигна девет гола на 22 натпревари.

Миовски е вкупно четвртиот Македонец кој ќе биде дел од Шкотското првенство откако претходно, Бајрам Фетаи беше дел од Глазгов Ренџерс и Инвернес, Ѓорѓи Христов го носеше дресот на Данфермлајн, а Горан Станиќ настапуваше за Ливингстон.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds