Мистериозна болест: Отворена истрага во Индија, 140 луѓе во болница: Одненадеж почнале да повраќаат

 Мистериозна болест: Отворена истрага во Индија, 140 луѓе во болница: Одненадеж почнале да повраќаат

Властите во Индија истражуваат неидентификувана болест поради која повеќе од 140 пациенти биле хоспитализирани за време на викендот.

Пациентите, од Елуру во Андра Прадеш, имале широк спектар на симптоми од мачнина до напади и паѓање во несвест, рекле лекарите, пренесува “BBC”, наведувајќи дека многумина од хоспитализираните закрепнале и брзо биле пуштени дома. 

Локалните медиуми влеат дека пациентите направиле тестови на коронавирус, кои биле негативни.

Медицински службеник во државната болница во Елуру дал изјава за “Indian Express”:

“Луѓето кои се разболеле, посебно децата, одненадеж почнале да повраќаат откако за пожалиле дека ги печат очите. Некои од нив се онесвестиле и претрпеле напади”.

Според некои индиски медиуми, станува збор за труење со водата која ја пие локалното население.