Мистериозна болест се појавила во амбасадата на САД во Белград

 Мистериозна болест се појавила во амбасадата на САД во Белград

„Абнормален здравствен настан“ – овој непријатен термин го користи американската дипломатија кога станува збор за „Хавана синдромот“.

Околу двесте американски службеници и членови на нивните семејства биле погодени. Што е тоа?

Повикувајќи се на сегашни и поранешни американски политички претставници, Волстрит Џурнал пишува дека ЦИА во последните недели евакуирала разузнавач кој работел во Србија, кој претрпел сериозни последици од невролошки напади, познат како „Хавана синдром“, пишува Дојче веле. Инцидентот на Балканот, кој, според американскиот весник, не бил претходно пријавен, е последен во серијата слични случаи за кои постои сомневање дека се напади со помош на некаков целен извор на енергија.

Околу двесте американски службеници и членови на нивните семејства се разболеле од мистериозна болест, чии симптоми се мигрена, гадење, оштетување на меморијата и вртоглавица, пишува Ројтерс.

ЦИА, според вестите на Ројтерс, го повлекла шефот на својата канцеларија во Виена, откако критиките за неговата работа станале гласни. Новинската агенција се повикува на Вашингтон пост, а весникот се повикува на неименувани извори од самата тајна служба. Поранешниот шеф наводно дал несоодветни изјави за „Хаванскиот синдром“, кој често се случувал со дипломатскиот персонал на САД во Виена. Уште во јуни, австриското Министерство за надворешни работи ветило помош за расветлување на овие случувања, но до денес јавноста не дознала дали ветувањето е исполнето.

Енигматичниот синдром за прв пат се појавил во 2016 година во кубанската престолнина Хавана. Дипломатскиот персонал на американската и канадската амбасада, како и членовите на нивните семејства, биле погодени од него. Симптомите биле вртоглавица, замор, главоболка, проблеми со слухот и видот. Пријавени се и случаи на целосно губење на слухот.

>
>