МЈП Проаква: Водата е целосно исчистена, се чека потврда од ЦЈЗ

МЈП Проаква: Водата е целосно исчистена, се чека потврда од ЦЈЗ

Граѓаните на Струга вчера беа сведоци на големи изливи на вода во неколку улици од градот. Oд МЈП Проаква објаснуваат дека тоа се таканаречени хидранти кои служат за чистење на водоводната мрежа и истите беа отворени по целата територија на Општина Струга за што побрзо да се исчисти мрежата од заматената вода.

„Уште еднаш ќе нагласиме дека не станува збор за дефекти туку за една вообичаена постапка во оваа дејност. Водата е целосно безбедна и е целосно исчистена (не е повеќе заматена), меѓутоа препорачуваме до граѓаните во текот на викендот да не ја користат додека не се објават официјалните резултати за нејзиниот квалитет од страна на Центарот за јавно здравје кој не работи за време на викендот па затоа сме приморени да чекаме до понеделник.“ – информираат од МЈП Проаква.

Од службата апелираат до граѓаните, доколку граѓаните забележат поинаков изглед на водата од вообичаениот, веднаш да пријават во МЈП Проаква.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds