
Младата фудбалска репрезентција ја совлада Ерменија
Младата македонската репрезентација ја запиша втората победа во овие евроквалификации после триумфот во завршницата од пресметката со Ерменија (3-1) во претпоследното коло во овој циклус за Еуро 2023.
Марио Илиевски и Сефер Емини во самиот финиш од мечот после 85-та минута ја обезбедија победата, прво со гол за водство на пет минути пред крајот, а потоа и со гол од пенал на фудбалерот за врска од Македонија ЃП во шестата минута од судиското надополнување.
Ерменија изненадувачки поведе после само девет минути од стартот на мечот, па Методи Максимов со спектакуларен еврогол од ивица на шеснаесетникот во 22-та минута израмни, за дури во самата завршница избраниците на Драги Канатларовски – Цапар да се изборат за победата.
Со овој триумф Македонија има девет бода од девет меча и е претпоследна, колку што имаат и четвртите Фарски Острови, на коло до крајот на циклусот, но сега со шанси да дојдеме и до таа четврта позиција во недела. Македонија гостува во Истанбул кај Украина, а Фарските Острови ја чекаат Србија во последното коло.