Младите иницираат промени во општина Струга!

 Младите иницираат промени во општина Струга!

Активните млади од ООУ „Зини Хани“, ООУ „Климент Охридски“ и СОУ „Ибрахим Темо“ како резултат на онлајн работилници во рамки на Проектот на USAID North Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието ги идентификуваа предизвиците во нивната локална заедница и можните решенија и преку процес на застапување ја добија поддршката на општината за спроведување на младинска акција за подобрување на условите во заедницата.

Акцијата е поддржана од Општина Струга и МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование во соработка со Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum.

>
>