• 30/09/2020

МТСП: Листа на дијагнози на хронични состојби за кои важи ослободување од работа како превенција од ширење на COVID-19

 МТСП: Листа на дијагнози на хронични состојби за кои важи ослободување од работа како превенција од ширење на COVID-19
loading...
Advertisement

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки на Владата за превенција од ширење на болеста COVID-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби: 

  1. Хронични респираторни заболувања; 
  2. Тешки кардиоваскуларни заболувања; 
  3. Дијабет – ТИП1; 
  4. Малигни заболувања; 
  5. Имуно-компромитирачки состојби. 

Листата на дијагнози на хронични состојби ги опфаќа: 

Хронични респираторни заболувања:

  • ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
  • Астма – J45
  • Интестицијална фиброза – Ј84

Тешки кардиоваскуларни заболувања:

  • Срцева слабост со EF<40
  • Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
  • Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
  • Тешка аортна и митрална стеноза
  • Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
  • Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
  • Длабока венска тромбоза до 3 месеци

Дијабетес мелитус:

  • Диајабетес тип I
  • Диајабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ

Сите малигни заболувања – C00-C97

Имунокомпромитирачки состојби:

  • Состојба по трансплантација на бубрег  – Z94.0
  • Хроничен нефротичен синдром – N04.9
  • Интермитентна хемодијализа – Z99.2
  • Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00  
  • Некротизирачки васкулопатии,  системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34                

Министерство за труд и социјална политика