• 22/09/2020

МТСП објави јавен повик-10,8 милиони евра на располагање на општините за подобрување и развој на социјални услуги

 МТСП објави јавен повик-10,8 милиони евра на располагање на општините за подобрување и развој на социјални услуги
loading...
Advertisement

Министерството за труд и социјална политика, ги повикува Општините коишто претходно на јавен повик изразија подготвеност да развиваат социјални услуги на локално ниво да се пријават на јавниот повик за финасирање на проектот за развој на услугите. Крајниот рок за доставување на понудите е 30 април годинава до 16 часот.

Една од главните цели на Проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно со потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра, за период на имплементација од 5 години.

Приоритетни социјални услуги коишто ќе бидат финасирани се: услугите во домот-лична асистенција и помош и нега во домот, како и услугите во заедницата-дневни услуги/дневни центри и поддржано живеење.

На Општините коишто ќе изразат интерес за добивање грант за развој на социјални услуги, ќе им се обезбеди директна поддршка за подготовка на документите за апликација, вклучувајќи ги и предлог-проектите од страна на компанија ангажирана за таа цел во рамките Проектот, како  и поддршка од страна на лицата ангажирани во рамките на проектната единица.Повеќе информации и формуларот за аплицирање ги има на следниот линк: http://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-123javen-povik-do-opshtinite-i-opshtinite-vo-gradot-skopje-vo-republika-severna-makedonija-da-izraza.nspx