Муфтиството на ИВЗ Струга одржа редовна средба со имамите

 Муфтиството на ИВЗ Струга одржа редовна средба со имамите

Денес, на 08.04.2021 г. (четврток), Муфтиството на ИВЗ Струга, предводено од муфтијата мр. Салим еф Сулејмани, одржа редовна средба со имамите од подрачјето на нашето Муфтиство. На состанокот присуствуваа и двајца претставници на Ријасетот на ИВЗ на РСМ, х. Ирсал еф. Јакупи (генерален секретар на ИВЗ), како и проф. др. Селвер еф Џемаили (директор за дијаспора), кои ги пренесоа селамите и честитките за месецот Рамазан од страна на Реисул Улема х.хфз. Шаќир еф Фетаи.
Средбата започна со учење на Кур’ан од страна на Изет еф Неџипи, а потоа Муфтијата ги презентираше точките за кои се дискутираше заедно. Со посебен акцент се дискутираше за месецот Рамазан.
По презентирањето на точките на дневниот ред, збор зедоа имамите каде се дискутираа и за неколку други прашања што се во корист на џематите и верниците на ова поднебје.

На крајот со учењето на Кур’ан од страна на Максут еф. Максутоски, состанокот беше зарворен.
Нека ни биде за хајр овој мубарек месец благословен месец за сите нас.
Ви посакуваме лесен пост, здравје и добрина.

>
>