Мурал посветен на Владо Малески насликан на јужната фасада на Центарот за култура во Струга

Мурал посветен на Владо Малески насликан на јужната фасада на Центарот за култура во Струга

Mурал посветен на дејноста на истакнатиот писател и општествено- политички работник Владо Малески насликан на јужната фасада на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Уметникот и автор на муралот, Горан Ристовски вели дека истиот е насликан по повод 30 години независност на државата.

  • Се одлучив сликањето на муралот да го посветам на ликот и делото на Владо Малески 1919-1984, истакнат писател и општествено политички работник. На површина од 13 метри должина и 7 метри висина е композицијата на муралот која е составена од детал познатиот „струшки вез“ симболизирајќи на неговиот најпознат роман „Разбој“, неговиот потрет и детали од текстот на химната „Денес над Македонија“, вели Ристовски.

Додава дека муралот е насликан секако со дозвола од Центарот за култура во Струга, со кој има одлична соработка секогаш кога се работи за вакви проекти, за што како што вели им е многу благодарен.

  • Темата на муралот е дејноста и делата на истакнати домашни дејци и автори во сферата на творештвото, културата, уметноста, литературата, музиката, образованието, спортот и други истакнати личности кои имаат директен придонес во развојот на државата, или придонеле во создавањето или во зачувувањето на културното наследство, вели Ристовски.

Инаку, реализацијата на овој мурал е во рамки на проектот “Градиме култура, сликаме култура – мурали за 30 години независност” кој се реализира и во седум други градови.

изовр:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds