Муртезоски: „Единството најголем приоритет“

Муртезоски: „Единството најголем приоритет“

Во склоп со кампањата за изборната трка за градоначалник, кандидатот од редовите на ДПА, Самир Муртезоски, изјави дека приоритет на неговата градоначалничка функција е мултиетничка Струга. Со самото негово доаѓање како градоначалник на Струга, градот ќе добие градоначалник подеднаков за сите. Како знак за таквата еднаквост, на првиот ден од својот мандат, тој изјави дека ќе го постави турското знаме, како трето знаме, на јарболите пред зградата на општина Струга, меѓу кои и симболот на Торбешите, покрај сегашните знамиња, албанското и македонското.

„Јас како иден градоначалник на Струга, во првиот ден од мојот мандат, ќе ја изразам мојата почит кон моите сограѓани на Струга. А, тоа ќе го направам со подигнување на турското знаме, како и торбешкиот симбол на јарболите пред општинската зграда во Струга, каде што до сега стоеа албанското и македонското знаме, со што ја потврдувам мултиетничноста на Струга. Покрај тоа, во мојата програма посебно внимание ќе посветам на проекти, кои ќе придонесат за меѓуетничките односи, во нашата заедничка општина, со тоа докажувам дека ќе бидам еден за сите“, рече Муртезоски.

„Со спроведување на нашата програма, сите граѓани на нашата општина, ќе добијат подобри стандарди за живот подеднакво во сите населени места, со реализирање на проекти од сите области“, заврши Муртезоски.

извор:dubai-portal.com.mk

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds