Муртезоски на средба со поглаварот на ИВЗ, Реис-Ул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи

Муртезоски на средба со поглаварот на ИВЗ, Реис-Ул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи

Кандидатот за градоначалник од Демократската партија на Албанците (ДПА), Самир Муртезоски, денес оствари средба со поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Македонија, Реис-Ул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, јавува „Dubai-Portal“

Целта на оваа средба беше разговор за интересите на Муслиманите на Општина Струга, како и меѓуетничките односи.

Потенцирано беше дека, доколку ја добие довербата од граѓаните, како иден градоначалник, ќе биде значаен придонес во унапредувањето на соживотот и меѓусебното почитување, како една од темелните вредности на нашата држава.

„Треба да се почитуваат сите религии. Јас, како кандидат за градоначалник, особено ќе внимавам на развој на меѓуетничките и меѓурелигиските односи во Општина Струга, како мултиетнички град, во кој што живеат граѓани од разни етнички припадности и религии“, рече Муртезоски

Муртезоски исто така, го запозна на Фетаи со изградбата на џамијата во родното Подгорци, која е во завршна фаза, при што Фетаи изрази задоволство.

извор:dubai-portal.com.mk

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds