Муслиманите во регионот ги прават последните подготовки за утрешниот празник Рамазан бајрам

 Муслиманите во регионот ги прават последните подготовки за утрешниот празник Рамазан бајрам

Зголемување на фреквентноста на граѓаните најмногу се забележува во Старата скопска чаршија и на пазарите, каде што продавачите се подготвени да ги услужат граѓаните со потребните продукти.

СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА

На пазарите во Старата скопска чаршија, главниот град на Северна Македонија, во пресрет на утрешниот празник Рамазан бајрам, се забележува поголема фреквентност на граѓаните кои ги прават последните подготовки за пречек на овој голем празник за муслиманите, јавува Агенција Анадолија (AA).

Зголемување на фреквентноста на граѓаните најмногу се забележува во Старата скопска чаршија и на пазарите, каде што продавачите се подготвени да ги услужат граѓаните со потребните продукти.

Во Скопје, во Старата чаршија и на Бит-пазар, муслиманските верници ги вршат последните подготовки за пречек на големиот празник во исламот, купувајќи ги продуктите што се ставаат на традиционалната бајрамска трпеза.

Меѓу најпосетените тезги на пазарите беа оние на кои се продаваа ореви, ф’стаци и слични производи кои се користат во подготовката на баклавата.

– Албанија

Муслиманите во Албанија се подготвуваат за празникот Фитр бајрам, а во последните денови од месецот на постот, Рамазан, се забележува поголемо движење на пазарите во земјата.

Новиот пазар во Тирана во пресрет на Фитр бајрам е повеќе посетен од страна на граѓаните кои купуваат традиционални продукти.

Покрај подготовките за традиционалните јадења во домовите, особено слатките, меѓу кои и баклавата, муслиманите купуваат и прехранбени или други производи.

Централната програма за клањање на бајрам-намаз во Албанија ќе се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, според протоколите и мерките против пандемијата на Ковид-19.

– Косово

Граѓаните на Косово традиционално започнаа со различни подготовки по повод Фитр бајрам, поради што се забележува голема раздвиженост на граѓаните на главните плоштади во Приштина.

Исто така, муслиманите ги посетуваат и зелените пазари за да купат производи за Бајрам.

Покрај секојдневните производи што се купуваат секој ден на пазар, купувачите купуваат специфични производи што се користат за време на празниците, како ореви и лешници, што се употребуваат за подготовка на различни слатки.

Меѓу другото, верниците купуваат и баклава која традиционално се нуди за време на Бајрам.

Ова е вториот Фитр бајрам што граѓаните на Косово ќе го дочекаат во тек на пандемијата на Ковид-19.

x