• 30/09/2020

МВР со детали за хеликоптерот кој вчера се преврте на аеродромот во Петровец

 МВР со детали за хеликоптерот кој вчера се преврте на аеродромот во Петровец
loading...
Advertisement

Вчера во Петровец се преврте хеликоптер на МВР, при што едно лице беше полесно повредено.

„На 04.05.2020 во 11.30 часот, хеликоптер на МВР „МИ 17“ полетал од воздухопловната полициска база на хеликоптери „Брест“ и слетал на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, со пет членови на екипажот, со цел да наполни гориво, информира МВР.

Откако ги наполнил резервоарите со гориво и добил дозвола, почнал со полетување и набрзо се превртел и паднал.

Едно лице од екипажот се здобило со телесни повреди. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Извор:press24.mk