
На 23-ти мај ,,Трка на поезијата“ во Струга
На 23-ти мај во организација на здружението ,,Спортски мостови“ во Струга ќе се одржи Трка на поезијата. Симболичен наслов за промоција на основната нитка на нашиот град-поезијата, а физичката активност како позитивна навика за здрав живот што е и основната цел на струшкото спортско здружение.
Доколку до мај се стабилизира состојбата со пандемијата, освен од Македонија, ќе можат да учествуваат и ентузијасти од други земји.
Пријавувањето ќе започне за две недели. Повеќе детали за овој настан ќе има наскоро.
Извор:strugaonline