• 22/09/2020

На 6 февруари ќе се одржат Прличевите беседи 2020

 На 6 февруари ќе се одржат Прличевите беседи 2020
loading...
Advertisement

На 6 февруари, НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе ја одбележи 127 годишнината од смртта на Патронот – поетот и преродбеник Прличев. Годинава се одбележуваат два јубилеи сврзани со Прличев: 190 години од неговото раѓање и 160 години од издавањето на ненадминатата поема „Сердарот“.

За животот и делото на Прличев – Вториот Хомер со свои лични навраќања кон истражувањата на неговото творештво, нераскинливо врзано за Охрид ќе беседи проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ.

Потоа ќе биде промовиран Каталогот на стари и ретки книги – издание на библиотеката. Промотор ќе биде Богомир Наумоски, библиотекар – советник од Струга.

Д-р Наде Караџовска, библиотекарски советник од Прилеп ќе ја промовира книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од м-р Мариче Боздоганова, библиотекар – советник, вработена во библиотеката во Охрид.

Настанот ќе биде заокружен со Прличевата визита и настапот на Михаил и Иван Мишеви кои ќе ја изведат Прличевата „1762 лето“.

Манифестацијата „Прличеви беседи“, охридската библиотека ја организира во соработка со Министерството за култура и Општина Охрид.

Извор:OhridNews