На Американците им давале отров како лек против коронавирус: Властите на ова семејство му забраниле продажба на белило, тие ги игнорирале и заработиле милиони

 На Американците им давале отров како лек против коронавирус: Властите на ова семејство му забраниле продажба на белило, тие ги игнорирале и заработиле милиони

Марк Гренон (62) и неговите синови Џонатан, Џордан и Џозеф наводно заработиле повеќе од милион долари продавајќи ‘чудесен минерален лек’, за кој тврделе дека може да лечи болести како рак, маларија, и Ковид-19, пренесува „Скај њуз“.

Официјални лица велат дека всушност продавале хлор-диоксид, кој обично се користи за индустриска обработка на вода и може да биде смртоносен доколку се користи поинаку.

Властите не го одобриле користењето на белилото за медицинска употреба и предупредиле дека е опасно да се пие.

Судските документи покажуваат дека супстанцата била на продажба и била изложена во објектот под називот „Џенесис 2“, каде Гренон бил ‘надбискуп’.

Властите им наредиле да ја прекинат продажбата на производот уште минатиот април, но тие ја игнорирале судската наредба.

Сега се обвинети за измама и кршење на судската наредба и се соочуваат доживотна казна доколку бидат осудени, наведува „Скај њуз“.

>
>