• 02/04/2020
 На барање на граѓаните, Струга ќе добие детско игралиште

На барање на граѓаните, Струга ќе добие детско игралиште

На четвртата сесија на форумите на заедницата, која се одржа вчера, граѓаните гласаа за проект кој сметаа дека треба да се реалзириа од страна на Општина Струга.

Предложени беа пет проекти и тоа: Изградба на детско игралиште, Изградба на младински центар, Реновирање на ОУ „Гоце Делчев“- Јабланица, Сервис за стари лица и Замена на котлана во училиштето „Зини Ани“ во Велешта. Присутните на сесијата со гласање избраа да се реализира проектот „Изградба на детско игралиште“. Од Општина Струга за Strugaonline информираат дека договорот со УНДП ќе биде потпишан во декември, па потоа ќе се започне со градежни активности. Oд таму додаваат дека се’ уште не е одредена точната локација каде ќе се наоѓа игралиштето, но надлежните имаат неколку идеји. Се очекува проектот комплетно да биде реалзириан во следниве шест месеци. Проектот е финансиран од страна на УНДП

Зајакнувањето на општинските совети е проект кој има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на локалната власт преку поддржување на општинските совети при вршење на нивната функција, посебно во однос на надгледување на локалниот буџет. Проектот ги поддржува општините во постигнувањето на поголема отвореност и инклузивност, со што ќе се помогне во градењето на јавната доверба во локалните институции.

извор:Strugaonline

Digiqole ad

Можеби ке те интересира