На бизарен начин откри дека момчето ја изневерува и направи хаос на интернетот (ВИДЕО)

 На бизарен начин откри дека момчето ја изневерува и направи хаос на интернетот (ВИДЕО)

Андреа Лопез стана sвезда на „ТикТок“ откако сподели видео во кое објасни едноставен метод со кој девојките можат да откријат дали момчињата ги изневеруваат.

„Како да откриете дали вашето момче ве изневерува“, е името на нејзиното видео, кој досега собра скоро 13 милиони прегледи.

– Девојки, ако сакате да откриете дали партнерот ве изневерува, набавете валјак за да ви ги отстрани влакната од облеката и поминете со него преку неговиот тепих во спалната соба – рече Андреа.

Додека го изведуваше овој трик во собата на момчето, таа подигна куп прашина, но и неколку црвени влакна кои инаку никогаш не би можела да ги забележи.

– Молам? Мојата коса е црна – рекла девојката и насмеа милиони луѓе ширум светот.

– Претпоставувам дека сите се сами по ова видео?“, „Истрагата на ниво на ФБИ“, „Побарувачката за валјаци за отстранување на влакна по ова видео ќе оди во рајот“, „Можеби тоа е коса од неговата мајка или сестра?“, беа само некои од коментарите.

Но, видеото се покажа и како добра лекција за сериските прељубници.

„Исчистете го тепихот кога ќе дојде вашата девојка. Примено на знаење”, напиша еден ТикТокер, а другиот им рече на мажите веднаш да ги фрлат килимите.

@andrea.lopez44

He has some explaining to do😡(Following the next 100 people on IG: Andrea.Lopez44) #fyp #viral #prank #cheater #couple #funny

♬ original sound – Andrea Lopez 😋
x