На денот на албанското знаме свечено ќе се отвори Али Пашината џамија во Охрид

На денот на албанското знаме свечено ќе се отвори Али Пашината џамија во Охрид

Со свеченост, што ќе се одржи на 28 ноември, во срцето на охридската чаршија официјално ќе биде отворена реконструираната Али Пашина Џамија, најави Исламската верска заедница. На овој датум се одбележува Денот на албанското знаме.

Во месец мај беше поставена куполата на минарето од Али Пашината џамија во Охрид, со што беше комплетирана ревитализацијата на овој споменик на културата заштитен со закон, која предизвика многу реакции во стручната јавност и помеѓу граѓаните, дотолку повеќе што според надлежните институции, дел од градежните зафати се изведувале без соодветна документација.

Изградбата на минарето ја финансираше Генералното муфтивство на Турција преку турската владина агенција „ТИКА“.

При посетата на Али Пашината џамија во јуни, амбасодарката на Турција Тулин Еркал Кара, изјави дека реставрацијата на Али пашината џамија во охридската чаршија било голем сон на претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ергодан и дека тој ќе присуствува на нејзиното отворање, но засега нема официјална потврда дали тоа и ќе се случи.

Извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds