
Chernobyl nuclear power plant, arch, new safe confinement, power plant from the air, reactor 4, sarcophagus, object Shelter
НА ЕВРОПА И ОСТАНУВААТ 48 ЧАСА ДА РЕАГИРА: Ситуацијата во Чернобил ескалира, еве што ќе се случи ако остане исклучена уште два дена!
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба за украинските медиуми вели дека оштетена е единствената линија за напојување на нуклеарната централа Чернобил и сите нејзини нуклеарни постројки контролирани од руската армија.
„Чернобил е без енергија. Ја повикувам целата меѓународна заедница веднаш да побара од Русија да го прекине огнот и да им дозволи на екипите за поправка што е можно поскоро да го обноват снабдувањето со електрична енергија“, вели тој.
Тој додава дека резервните дизел генератори ќе ја напојуваат нуклеарната централа Чернобил и нејзините капацитети во текот на 48 часа. Потоа ќе се исклучи системот за ладење на складиштето на искористеното нуклеарно гориво, што ќе се закани со истекување на радијација.
-Варварската војна на Русија ѝ се заканува на цела Европа. Путин мора веднаш да ја прекине, вели Дмитро Кулеба.