
На Ибарска магистрала, загинаа двајца браќа, мајката тешко повредена…
Стравична сообраќајна несреќа утринава се случила на Ибарска магистрала во Србија во близина на Травник, на делницата од патот Краљево – Прељина.
Автомобил голф директно удрил во автобус. На самото место на несреќата загинале двајца браќа кои биле во голфот со црногорски регистарски таблички, нивната мајка е тешко повредена.

Од автомобилот скоро не останало ништо.
Според првичните информации на српските медиуми до несреќата се случила кога автомобилот голф претекнувал два камиона и се забил во автобус кој се движел во спротивната лента од патот.
Српската полиција пренесува дека во несреќата живото го загубиле двајца браќа на возраст од 28 и 18 години, а тешко е повредена 49 годишна жена која итно била пренесена во болница.
Неофицијално станува збор за мајка со два сина, а голфот го возел 18 годишниот син.
Ниту еден од патниците во автобусот не е повреден.