
На „Ќафасан“ приведено лице барано од Интерпол-Германија
На 6-ти април 2022 година, во 10:15 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, на влез во државата бил лишен од слобода 45-годишниот В.П. од Република Албанија.
– По извршени гранични проверки во службената евиденција било констатирано дека за него има мерка „апси“, по распишана меѓународна потерница од страна на Интерпол-Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга, за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР