На Ќафасан само транспортери – Албанија воведе карантин за граѓаните од Македонија

 На Ќафасан само транспортери – Албанија воведе карантин за граѓаните од Македонија

Високиот број на новозаразени со Ковид-19 во РСМ ја натера Албанија да воведе двонеделен карантин за сите наши граѓани кои патуваат во Албанија. Истите правила важат и за граѓаните од Грција. Одлуката беше донесена на 20 април, а ќе трае до 3 мај.

„Се наоѓаме на граничниот премин Ќафасан во Северна Македонија. Република Албанија од 20 април одлучи да воведе карантин за граѓаните кои доаѓаат од Северна Македонија и граѓаните кои патуваат кон Албанија треба да бидат во двонеделен карантин, а тоа е последица на високиот број на заразени со Ковид-19 во овие две држави“, истакна репортерката на ТВ21.

Ова правило не важи само за граѓаните кои се транзит и за транспортните компании.

ТВ21: Дали ќе одите во карантин кога ќе се вратите од Македонија?

-Не, ќе направиме тест бидејќи сме на работа.

ТВ21: Тестот е неопходен?

-Да!

ТВ21: Дали бевте во карантин кога отидовте во Албанија.

„Не, не. Јас сум транзит, одам еднаш неделно“, вели камионџија.

Додека ТВ21 беше на овој граничен премин, ниту еден автомобил не ја премина границата кон Албанија, освен транспортерите. Надлежните на овој граничен премин ни рекоа дека од 20 април за 90 отсто има пад на движењето на автомобили. Претходно овој премин работеше со два шалтера а сега има многу мало движење.

извор:tv21

x