• 22/10/2020

На Ќафасан уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница

 На Ќафасан уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница
loading...
Advertisement

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од хрватските власти е уапсен на граничниот премин Ќафасан на албанско – македонската граница кај Струга.

-Граничната полиција, како резултат на засилените контроли и благодарение на соработката со Интерпол Тирана, идентификува и уапси, со цел екстрадиција, македонски државјанин со висок општествен ризик, баран со меѓународна потерница од хрватските правосудни органи, стои во соопштението од албанската полиција.

Се наведува дека е приведен Тони Јашари (35) од Гостивар кој на 26 август 2015 е осуден на 10 години затвор за кривични дела „структурирана криминална група“ и „производство и продажба на наркотици“,но успел да ја напушти Хрватска во 2018 година.

Јашари е уапсен при контрола на документите за влез на албанска територија.

За понатамошно дејствување надлежен е судот во Подградец, кој ќе ја информира е Канцеларјата на Интерпол Тирана со цел негова екстрадиција во Хрватска.

English »