
На преминот Ќафасан лишен од слобода албански државјанин
На Граничниот премин „Ќафасан“, вчера, од слобода било лишено 49-годишно лице Албанија, затоа што при контрола било констатирано дека има промени на бројот на шасија на патничкото возило „фолксваген голф“, со албански национални ознаки, кое го управувал.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка.
Извор:OhridNews