На различни локации во Белград во еден ден пронајдени три безживотни тела

 На различни локации во Белград во еден ден пронајдени три безживотни тела

Три безживотни тела се пронајдени денеска на различни локации во Белград.

Како што пишуваат српските медиуми, првото тело било забележано нешто пред 12 часот на железничката станица во Ресник, веднаш до железничката пруга, и било во фаза на распаѓање. Еден час подоцна, друго тело, во иста состојба, било пронајдено во стан во Палилула. Третото тело е пронајдено во стан во Борча, а се работи за маж на 35 години.

x