На Швајцарија ѝ се заканува нов голем бран на коронавирус: Научниците тоа го открија врз основа на отпадните води

 На Швајцарија ѝ се заканува нов голем бран на коронавирус: Научниците тоа го открија врз основа на отпадните води

Отпадните води во Швајцарија покажуваат дека на земјата ѝ предстои трет бран од пандемијата на коронавирус, пренесуваат швајцарските медиуми.

Коронавирусот може да се открие преку отпадните води, а според експертите од швајцарскиот институт “EWAG”, може да се изврши и проценка на состојбата речиси во реално време.

Врз основа на новите податоци, тие дојдоа до заклучок дека на земјата ѝ предстои трет бран на коронавирусот. “EWAG” во јуни минатата година започна проект на епидемиолошка анализа на отпадните води.

Тим на научници врз основа на постројките за прочистување на отпадните води во Цирих и Лозана ја утврдува актуелната состојба во врска со заразеноста на населението. Со оглед на тоа што во изминатите седмици е забележан тренд на пораст на присутноста на вирусот во отпадните води, научниците заклучија дека земјата наскоро ќе биде погодена од трет голем бран.

„Пресметавме дека околу 50 примероци на отпадни води одговараат на повеќе од 100 илјади корона тестови. Со тоа имаме одличен преглед на ситуацијата“, изјави Андри Брајнер од “EWAG” за швајцарските медиуми.

>
>