• 26/09/2020

На струшката автобуска станица пронајдена кеса со 2 килограми марихуана

 На струшката автобуска станица пронајдена кеса со 2 килограми марихуана
loading...
Advertisement

По добиени сознанија за вршење на транспорт на дрога од страна на 31-годишно лице од Албанија, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга презеле мерки и активности, при што околу 15.50 часот, лицето било затекнато на автобуска станица во Струга.

Полициските службеници извршиле преглед на албанскиот државјанин и во неговиот багаж била пронајдена кеса со марихуана со тежина од околу 2 килограми која била одземена и пратена на вештачење.

Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.