Нацрт-записникот од дванаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија:Да се преземаат превентивни мерки против Корона вирусот

Нацрт-записникот од дванаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија:Да се преземаат превентивни мерки против Корона вирусот

Врз основа на извадокот од Нацрт-записникот од дванаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 28 февруари 2020 година, а во врска со следните чекори и одлуки кои се однесуваат на превенција на ширење на коронавирусот, Општина Струга согласно препораките од Владата на Република Северна Македонија Ве известува дека:- им се препорачува на сите организатори да ги откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година, поголеми културни-уметнички манифестации и им препорачува на спортските федарации, спортските натпревари да се играат без публика.- им се наложува на сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и сите ученици и студенти, дека ДОКОЛКУ во последниве две недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија , како и Народна Република Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Макао, Филипини, Република Кореа , Сингапур и Тајван потребено е:Да не доаѓаат на работа/училиште/факултет и да ја информираат за тоа институцијата/ претпријатието/ училиштето на телефонска и мејл адреса на институцијата.Лицата кои согласно горенаведеното нема да доаѓаат на работа должни се до Секторот за човечки ресурси ( или до соодветното лице на институцијата) електронски да достават скенирана патна исправа како доказ за патувањето во наведените региони.-Во случај на појава на симптоми лицата да се јават на дежурните телефонски броеви на Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и ЗД Ало Докторе.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds