Над 1000 активни случаи во охридско-струшкиот регион и дебарско, 9 починати за една недела

 Над 1000 активни случаи во охридско-струшкиот регион и дебарско, 9 починати за една недела

Седмичниот извештај на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека од 14 до 20 ноември лабораториски е дијагностицирано присуство на КОВИД-19 кај 231 лице од Охрид, 183 лица од Струга и 15 лица од Дебар.

Во Охрид има 575 активни случаи на коронавирус, во Струга 364, а во Дебар 86. Во односниот период оздравени се 132 лица од Охрид, 56 лица од Струга и 19 лица од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани девет смртни случаи поврзано со Ковид-19 од Охрид, петмина починати во Струга и еден од Дебар.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден Ковид-19 е регистриран кај вкупно 2969 лица во односните општини и тоа 1330 лица во општините Охрид и Дебрца, 1218 лица во општините Струга и Вевчани и 421 лице во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени се 773 пациенти од Охрид, 783 од Струга и 316 пациенти од Дебар и Центар Жупа.

Црниот биланс досега е 153 починати и тоа 49 од Охридско, 85 од Струшко и 19 лица од Дебар и Центар Жупа.