Над две илјади луѓе повредени во песочна бура во Ирак

Над две илјади луѓе повредени во песочна бура во Ирак

Повеќе од 2.250 луѓе побарале медицинска помош поради песочната бура и загадувањето на воздухот во Багдад и други ирачки провинции.

Поради песочната бура што вчера погоди повеќе ирачки региони, меѓународните аеродроми во Багдад и во Ен-Наџаф беа затворени.

Делови од Ирак од април речиси секојдневно се покриени со песок и прашина. Според експертите неодамнешното зголемување на песочните бури во регионот се предизвикани од климатските промени и од неефикасното искористување на копнените и водните ресурси на Ирак. (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds