• 24/09/2020

Над еден километар нова водоводна мрежа на ул. Малешевска

 Над еден километар нова водоводна мрежа на ул. Малешевска
loading...
Advertisement

Во текот на денешниот ден, генералниот директор на ЈП Водовод и Канализација – Скопје г-дин Душко Весковски и градоначалникот на општина Кисела Вода, г-дин Филип Темелковски, извршија увид на работните активности за водоводна мрежа по дел од ул.„Малешевска“. Ова е проект чиј инвеститор е ЈП Водовод и Канализација, а инвестицијата изнесува околу 12.000.000,00 ден.

Имено, ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со Општина Кисела Вода, пристапи кон изработка на проектно-техничка документација за водоводната мрежа по дел од ул.„Малешевска“ и реализацијата на истата како резултат на потребата за реконструкција на постоечката водоводна мрежа која досега поминувала низ приватни имоти односно дворовите на објектите долж оваа делница од ул.„Малешевска“, и која се карактеризира со несоодветен профил и материјал на цевки. 
Реализацијата на овој основен проект ќе создаде услови за приклучување или поврзување на постоечките објекти на оваа нова линија, па затоа во проектот се предвидени и околу 80 огрлици, со што нашите постоечки корисници ќе добијат нова приклучна инсталација. 

За изведбата на проектот употребени се полиетиленски цевки PE 100 – RC  SDR17, DN 110mm со должина од 1062,26 m.