Надал го „пецна“ Ѓоковиќ со изјава во врска со поддршката од публиката

Надал го „пецна“ Ѓоковиќ со изјава во врска со поддршката од публиката

Рафаел Надал го доби четвртфиналето против Новак Ѓоковиќ и остана во игра за нов трофеј на Ролан Гарос. Шпанскиот ас имаше подобра вечер од ривалот, а доби и помош од публиката, која ја користеше секоја прилика да му помогне со максимална поддршка.

Токму на тоа се пожали српскиот ас, кој често не е голем миленик на фановите. Тоа се потврди уште еднаш на овогодишниот турнир во Париз, кога доби и свирежи од дел од навивачите при излегувањето на теренот. Неколку дена по дуелот Надал зборуваше за тениските приврзаници и љубовта која ја ужива кај нив, а кажа и зборови кои медиумите ги протолкуваа како мала провокација кон Србинот.

„Правам што можам за да бидам пример. Кога некој ќе ја добие наклонетоста и поддршката од публиката, задоволството е големо. Затоа што тоа значи дека не само што добро сте ги направиле работите удирајќи го топчето на теренот, туку и некои други работи надвор од него. Тоа се убави моменти и значат уште повеќе кога сте во поодминати години и при крајот на кариерата“, рече тенисерот од Мајорка.

Рекордерот по бројот на титули во француската престолнина започна одлично и без проблеми го доби првиот сет. Потоа испушти два брејка во вториот сет и му дозволи на Ѓоковиќ да се врати во игра. Меѓутоа кога се чинеше дека моментот е на страна на првиот носител, Надал започна да го игра најдобриот тенис и зачекори кон полуфиналниот меч против Александер Зверев.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy