Најбогатиот Кинез го немаше во јавноста цели три месеци откако ја критикуваше државата: Сега конечно се појави!

 Најбогатиот Кинез го немаше во јавноста цели три месеци откако ја критикуваше државата: Сега конечно се појави!

На основачот на „Алибаба“ му се изгуби практично секоја трага откако на конференција во Шангај ги критикуваше кинеските државни банкари.

Џек Ма, основач на групацијата за интернет трговија „Алибаба“ кој во јавноста не беше виден подолго време, конечно се појави на видео конференција на која се состана со 100 учители од руралните подрачја, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“ и потсетува дека ова е прво појавување на милијардерот од крајот на октомври.

На Џек Ма му се изгуби секоја трага откако упати критики на сметка на кинеските државни банкари, а глобалните финансиски закони кои ги спроведува Кина ги нарече „клуб на стари луѓе“. Сега, Ма се појави во 50-секундниот исечок од видео состанокот по повод наградите кои ги доделува на руралните учители.

Откако се појави во јавноста, акциите на неговата моќна компанија која ја нарекуваат „кинескиот Амазон“, скокнаа на берзата во Хонгконг.

Џек Ма на видеото им се обраќа на учителите по повод доделувањето на наградите “Jack Ma Rural Teachers Award”. Тој во изминатите години организираше церемонија во крајбрежниот град Санја.

„Не можеме да се состанеме во Санја поради епидемијата. Кога епидемијата ќе заврши, мораме да пронајдеме време сите да дојдете во Санја и да се сретнеме во живо“, порача Џек Ма во својот говор.

>
>