Најдобриот рецепт за домашни тулумби

 Најдобриот рецепт за домашни тулумби

Тулумбите се десерт омилен и кај децата и кај возрасните. Со овој рецепт ќе ги направите најдобрите домашни тулумби.

Потребни состојки за шербет:

-800 г шеќер

-1/2 литар вода

-сок од половина лимон

Потребни состојки за тулумбите:

-200 мл вода

-200 мл млеко

-2 лажици шеќер

-100 мл масло

-300 г брашно

– лажичка прашок за пециво

-4 јајца и една жолчка

-масло за пржење

Начин на подготовка:

Сварете го првин шербетот. Водата со шеќерот нека врие околу 25 до 30 минути на умерена температура, па на крајот додадете лимон. Оладете го шербетот за употреба.

Подгответе ги состојките за тесто. Млекото, водата, шеќерот и маслото ставете ги на шпорет, а кога ќе зоврие смесата тргнете ја, дадете го веднаш брашното помешано со прашокот за пециво и брзо мешајте со лажица.

Потоа вратете на шпорет и на умерена температура мешајте додека тестот не се одвои од садот.

Ставете го тестото во пластичен сад да се олади, повремено мешајќи. Потоа додавајте едно по едно од јајцата, па матете со миксер. Потоа измешајте убаво со лажица.

Загрејте масло во длабока тава, околу 800 мл, на умерена температура. Со шприц за тесто ставете од смесата и истиснете тулумби во посакуваната големина на загреано масло, па сечете ги врвовите.

Додека тулумбите се пржат сами се вртат, ако не со виљушка свртете ги неколку пати за да добијат златеста боја. Кога ќе се испржат, веднаш ставете ги во оладениот шербет и нека стојат додека другите се пржат. Потоа префрлете ги во плех и откако сите ќе се испржат прелијте ги со шербетот.

Чувајте ги на студено место до употреба.

x