Најдолга серија без грен – слем трофеј на Ѓоковиќ од 2018

Најдолга серија без грен – слем трофеј на Ѓоковиќ од 2018

Со вчерашниот пораз од Рафаел Надал во четвртфиналето во Париз, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го нанижа третиот грен-слем турнир без триумф, што е негова најлоша серија во последните четири години.

Серијата успеси на Ѓоковиќ почна во Вимблдон 2018 година и оттогаш до денес најдобриот светски тенисер победи на осум од вкупно 15. грен – слем турнири.

Триумфираше на Австралија Опен (2019, 2020, 2021), Ролан Гарос (2021), Вимблдон (2018, 2019, 2021) и на Ју-Ес Опен (2018).

Последната долга серија на грен – слем турнирите на кои Ѓоковиќ не освои трофеј беше од Вимблдон 2016 до Вимблдон 2018 година кога минаа осум турнири во низа без триумф на српскиот тенисер.  (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy