
Најемотивната прес конференција, украински фудбалер не можеше да се воздржи (ВИДЕО)
Украинскиот фудбалер Олександр Зинченко тешко го поднесува тоа што со месеци и се случува на неговата земја.
Зинченко, кој се подготвува за гостувањето на Украина на Шкотска на Хампден парк, тешко ја поднесува руската инвазија на неговата земја која трае од 24 февруари. Тој плачеше на прес-конференцијата пред бараж дуелот. вечерва.
Фудбалерот на Манчестер Сити беше полн со емоции, па изјави дека сака да се пласира на Светското првенство во Катар. Украинците со победата над Шкотска би се пласирале во финалето против Велс во кое би имале можност да изборат пласман на Мундијалот.
Тоа секако би било голема работа за цела Украина, која со месеци е на удар на руската армија.
„Секој Украинец има сон – да ја запре војната“, рече Зинченко додека се обидуваше да ги запре солзите на прес-конференцијата посветена на полуфиналниот натпревар од плеј-офот на Светското првенство.
„Разговарав со луѓе од целиот свет, од различни земји, а исто така и со некои украински деца, кои едноставно не разбираат што се случува во Украина. Тие само сакаат војната да престане. Кога станува збор за фудбалот, Украинската репрезентација има сон: “Сакаме да одиме на Светското првенство. Сакаме да му пружиме неверојатни емоции на украинскиот народ бидејќи Украинците навистина го заслужуваат тоа во моментов”, изјави Зинченко во солзи.