Најголема евакуација во историјата на Австралија – повеќе од 1.000 заробени во пожарот биле спасени од морнарицата

Најголема евакуација во историјата на Австралија – повеќе од 1.000 заробени во пожарот биле спасени од морнарицата

Австралиската морнарица евакуирала околу илјада туристи и жители кои останале заробени при пожарот во опустошениот град Малакота на крајбрежјето на сојузната држава Викторија.

Тие биле сместувани во текол на целиот ден на два брода во акција која државниците ја нарекле „масовно преселување на цивили без преседан“.

Околу 4.000 жители и туристи избегале од плажите на почетокот на неделата кога пожарите почнале да беснеат во градот, пренесува Би-Би-Си.

Како што соопштила морнарицата, сите евакуирани ќе бидат пренесени во Вестерн Порт, а тој пат трае 16 часа.

За време на евакуацијата, на бродовите е дозволено внесување на домашните миленици.

Некои патишта се отсечени поради ширење на пожарите, па војската евакуирала 60 луѓе со хеликоптер, додека условите тоа го дозволувале.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds