• 23/09/2020

Најмалку 25 загинати откако автобус падна во бездна во Индонезија

 Најмалку 25 загинати откако автобус падна во бездна во Индонезија
loading...
Advertisement

Најмалку 25 лица загинаа откако автобус се урна во амбис на островот Суматра, во Индонезија, објавија утринава локалните медиуми, пренесе ДПА.

Германската агенција според првичните извештаи наведе дека во несреќата имало 24 жртви, но спасувачите подоцна извлекле уште едно тело од реката, каде што заврши автобусот.

Најмалку 13 други лица успеале да се спасат.

Меѓуградскиот автобус сообраќал од провинцијата Бенгкулу кон Палембанг, главниот град на соседната провинција Јужна Суматра.

Претпоставка е дека во автобусот имало околу 50 патници. При вртење во стрмен свиок кај селото Пераху Дипо автобусот ја загубил контролата и паднал во амбисот, завршувајќи во река, пренесе ДПА.
Извор: opserver.mk