• 19/09/2020

Најмалку петмина мртви во ерупција на вулкан на Нов Зеланд

 Најмалку петмина мртви во ерупција на вулкан на Нов Зеланд
loading...
Advertisement

Вулкан еруптираше во Нов Зеланд, при што загинаа пет луѓе, а неколкумина се сметаат за исчезнати, соопшти полицијата.

Неколку моменти пред ерупцијата биле забележани туристи како шетаат кај кратерот на вулканот Вајт Ајленд.

Полицијата соопшти дека 23 лица се спасени, но предупреди дека условите ја попречуваат операцијата. Војската на Нов Зеланд сега ѝ помага на полицијата.

Вајт Ајленд, познат и како Вакаари, е еден од најактивните вулкани во земјата.

И покрај тоа, приватниот остров е туристичка дестинација со чести дневни тури и туристички летови.

Заменик-комесарот на полицијата, Џон Тимс, рече дека поради опасноста, службите за итни случаи не биле во можност да пристапат на островот.

Затоа не се знае колку луѓе останале таму, рече тој и додаде дека се верува дека има „туристи и од Нов Зеланд и од странство“. Полицијата претходно соопшти дека на островот има помалку од 50 луѓе.

Тој рече дека петте луѓе што загинале биле „спасени од островот претходно дента“.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, рече дека операцијата за потрага и спасување била попречена од пепелта што паѓа на местото, кое поради тоа не е пристапно.