
НАЈНОВА ВЕСТ: УХМР СО ЦРВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Од вечерва како што веќе најавивме ќе започнат нови врнежи од дожд и тоа од запад, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка повторно значително ќе се зголеми.
Утре под влијание на многу постуден воздух кој се спушта од Арктикот, и тоа особено во попладневните и вечерните часови ќе услови ГОЛЕМО ЗАПАДУВАЊЕ на времето и врнежите од дожд ќе преминат во снег во најголем дел од Македонија.
На повеќе места ќе се формира снежна покривка, особено утре доцна попладне и навечер. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени, меѓутоа од попладневните часови истите ќе бележат тенденција на големо опаѓање.
УХМР ИЗЛЕЗЕ СО ЦРВЕНО АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ:
Денес во вечерните и ноќните часови од запад ќе се прошират врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.
Во западните делови врнежите ќе бидат обилни (над 25 л/м2), па таму снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а поради силниот ветер ќе има појава на снежни наноси.
Под влијание на продор на студена воздушна маса утре попладне врнежите ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет.