Најпребаруван збор во 2020-та година

 Најпребаруван збор во 2020-та година

Во годината кога повеќе од 1,4 милиони луѓе ширум светот починаа од Ковид-19, „пандемија“ беше најбараниот збор во речниците со барање за негово објаснување годинава бил – „пандемија“, пренесува Ројтерс.

-Понекогаш еден збор дефинира едно раздобје и затоа е нормално овој збор да дојде до израз во оваа исклучителна и крајно тешка годин“, објаснува американскиот издавач на англискиот речник, Merriam-Webster.

Пандемијата е дефинирана како „епидемија на болест во широка географска област (повеќе земји или континенти) која погодува значителен дел од популацијата“.

Коренот на зборот е кованица од грчките „пан“, што значи сите или се’, и „демос“, што значи луѓе, потсетува издавачот.

Потрагата по значењето на тој збор се зголемила драматично по 11 март оваа година, кога Светската здравствена организација ја обележа Ковид-19 како пандемија – дури 115.806 проценти повеќе во споредба со истиот ден во 2019 година.

>
>