Најскапата градба во светот е во Мека, вреди 100 милијарди долари

 Најскапата градба во светот е во Мека, вреди 100 милијарди долари

CPHN8X Hajj pilgrimage to Mecca, Al Haram Mosque and Kaaba Saudi Arabia

Објавена е листата на 30 најскапи згради во светот за 2019 година, а на првите две места се згради што се наоѓаат во Саудиска Арабија.

На првото место е комплексот Масјид ал-Харам во Мека, вреден сто милијарди долари. Се простира на 99 хектари и во текот на аџилак може да прими до 4 милиони луѓе.

Објектот Абрај Ал Баит, исто во Мека, вреди 16 милијарди долари. Овој комплекс е сочинет од седум облакодери направени во 2012 година, а наменети се за сместување на учесниците во аџилакот. Се простира на 34 хектари и е препознатлив по најголемиот часовник во светот.

Меѓу десетте најскапи згради четири се во САД, по една во Сингапур, Букурешт, Абу Даби и брунејскиот главен град Бандар Сери Бегаван, пишува MSN Money.