Најубавите плажи во Албанија: Каде да се скриете од светот?

 Најубавите плажи во Албанија: Каде да се скриете од светот?

Во последниве години, Албанија стана многу привлечна туристичка дестинација за нашите граѓани кои сѐ почесто летуваат на плажите на Јадранското и Јонското Море.

Иако Албанија сè уште е неоткриена и неистражена туристичка земја, песочните брегови сè повеќе привлекуваат посетители, особено од Балканот.

Подолу ви ги претставуваме трите најубави плажи во Албанија.<

Ксамил

Ксамил е едно од најпосетуваните крајбрежни одморалишта, како од домашните, така и од странските туристи. Ако барате песочни плажи, кристално чисто море, недопрена природа и прекрасен пејзаж, тогаш плажата Ксамил е вистинскиот избор за вас.

Главните атракции се блиските острови. Копнената плажа е мала, но чиста. За време на комунизмот, оваа област беше позната по производство на маслиново масло, лимони и мандарини.Ѓипе

Ѓипе се наоѓа во преодниот појас на Јадранското и Јонското Море, а оваа област е една од најпосетуваните атракции долж албанската ривиера. Кањонот што се наоѓа тука е важна природна област, бидејќи е дом на многу ендемски видови.

Многу е тешко да се најде недопрена плажа на Медитеранот и Јадранот, но Ѓипе е еден од тие скапоцени камења. Бидејќи е скриена во подножјето на кањонот, до плажата може да се стигне само со одење. Таа е совршена за љубителите на природата и нуди еден од најдобрите погледи на албанското крајбрежје. Плажата е со ситни камчиња, морето е кристално чисто, а на плажа можете да изнајмите кајак или да кампувате.

Борш

Мал крајбрежен град ја крие најголемата плажа во Албанија, долга седум километри. Оваа област е идеална за љубителите на долги прошетки, и е опкружена со големи маслинови градини и планински врвови.

Чистото тиркизно сино море е идеално за пливање, а ова место е интересно и за оние кои уживаат во мир и тишина. И покрај својата убавина, Борше најмалку посетеното место во Албанија.

>
>