Намален водостојот на Охридското Езеро

Намален водостојот на Охридското Езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на двете други природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро е понизок од повеќегодишниот просек за октомври и тоа за 15 сантиметри кај Охридското и за 1,58 метри кај Преспанското. Со тоа, нивото на Преспанското Езеро на мерното место кај ХС „НАКОЛЕЦ“ е шест сантиметри под апсолутниот минимум кој изнесува 842,25 (мнм), а водостојот на Охридското Езеро е три сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 (мнм). За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е повисоко од просечното и тоа за 2,68 метри.

Водостоите, пак, на повеќето од реките главно се во границите на просекот, но бележат мало намалување во однос на вчера.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds