Напад со нож во Германија, четири лица се повредени

 Напад со нож во Германија, четири лица се повредени

Четири лица се повредени синоќа во напад со нож во западниот германски град Оберхаузен, јавуваат германските медиуми. Осомничениот е уапсен, пренесува „Ројтерс“.

Германскиот протал WAZ наведува дека повредените се во критична состојба и се на интензивна нега.Наводно, еден од повредените е во критична состојба.Напаѓачот е повреден и хоспитализиран.

Портпаролот на полицијата, Кристоф Викхорст, не даде информации за мотивите на злосторството. Тој потврди дека повредените во нападот имале рани од нож. Полицијата во Оберхаузен побара помош од колегите од Есен за да се обезбеди местото на злосторството. Истрагата е во тек.